Во новото издание на „360 степени“:
– Дел од децата што летувале на охридските плажи добиле црвени пликови по телото. Сите овие тврдења се поттик за истражување како функционира колекторскиот систем и дали езерото е заштитено од фекалии. Главната прочистителна станица личи на запуштен имот, обраснат во трева и со рѓосана опрема. Наместо да се прочистува, водата преку оваа одводна цевка уште пред станицата се излева нетретирана во Дрим.
– ВМРО-ДПМНЕ ја наметна приказната за прием на илјадници мигранти и бегалци во Македонија, и таа кулуминира со иницијативи за референдуми паралалено со локалните избори. Што ако на локалните референдуми мнозинството се изјасни позитивно за населување мигранти?
– Дали се законски одлуките на општинските совети за распишување референдуми за мигрантите? Кој треба да го има последниот збор – Инспекторатот за локална самоуправа или Државната изборна комисија?
– Зошто Рајнхард Прибе и порачува на новата Влада да не го повторува грешките од минатото и една заробена држава да замени со друга?
– Јавување на Владимир Мирчевски од Њујорк од Генералното собрание на Обединетите нации каде е и премиерот Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи и за дијаспора, Димитров и Адеми. Интервју со министерот за надворешни работи Никола Димитров од Њујорк.
– Нова Саботажа.