Емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат е издвоена, во позитивен контекст, за начинот на известување во пред и пореферендумскиот период, во финалниот извештај на ОБСЕ-ОДИХР. Во делот од документот што се однесува на мониторингот на медиумите, меѓу другото, е наведено: „Особено разновидно покривање на референдумските прашања (проблеми) беше понудено од политичкото шоу „360 Степени“ што се емитува на ТВ Алсат“. Ниеден друг медиум или емисија не се издвоени на ваков или сличен начин. Споменувањето во извештајот на ОБСЕ-ОДИХР го сметаме за потврда на посветеноста на професионалните и етичките стандарди во работата на „360 Степени“.
Дебата
Напишете коментар