Во видеото погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, емитувано на ТВ Алсат на 15 ноември 2021 г.
Во ова издание донесуваме:
-Како помина прес-конференцијата на Кастриот Реџепи во Собранието за која имаше голем медиумски интерес;
-Интервју со пратеникот Кастриот Реџепи за одлуката да се потпише, па да не гласа за уривање на Владата;
-Анализа на Весела Чернева, која вели дека по изборите во Бугарија нема време за нова влада до декември, па за Северна Македонија се ќе зависи од претседателот Радев;
-Сторија за предистрагата на Финансиската полиција и обвинителството за случајот во кој лица добиле ниви на подарок вредни 20 денари за квадрат, а по три недели и ги продале на ЕВН Електрани 40 пати поскапо – за 800 денари по квадрат;
-Сторија за тоа како модернизацијата во земјоделското производство ги отвора и најпребирливите пазари во Западна Европа;
-„Саботажа“.