Трпеноски како тогашен новинар поднесе тужба против државата затоа што на 27 април за време на упадот во Собранието не го заштитила како новинар и дополнително му го загрозила правото да известува од настанот. Во образложението на одлуката, и првостепениот и второстепениот суд, како што денеска пишува порталот, навеле квалификација дека ниту тужителот бил новинар ниту „Сакам да кажам“ е медиум, затоа што онлајн медиумите сè уште не се регулирани со закон
Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата Горан Трпеноски против Основниот граѓански суд Скопје, кој на поранешниот новинар му ја одби тужбата против државата во врска со настаните од 27 април 2017 година во Собранието, пишува СДК.мк.
Имено, Трпеноски како тогашен новинар поднесе тужба против државата затоа што на 27 април за време на упадот во Собранието, не го заштитила како новинар и дополнително му го загрозила правото да известува од настанот.
Трпеноски тужбата ја поднесе како тогашен новинар на дигиталната редакција „Сакам да кажам“.
Откако првостепениот суд му ја одби тужбата, тој поднесен жалба на одлуката до Апелацискиот суд Скопје.
Во образложението на одлуката, и првостепениот и второстепениот суд, како што денеска пишува порталот, навеле квалификација дека ниту тужителот бил новинар ниту „Сакам да кажам“ е медиум, затоа што онлајн медиумите сè уште не се регулирани со закон.
Трпеноски, како што се наведува, е задолжен да плати околу 50 илјади денари судски трошоци и трошоци во постапката.
Поранешниот новинар на СДК.мк, а сегашен член на Државната комисија за спречување корупција бараше отштета за претрпен страв од насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.
Но наместо отштета, Трпеноски со судските одлуки е задолжен да плати околу 50 илјади денари судски трошоци и трошоци во постапката.
Во образложението на одлуката на двата суда, како што наведува порталот, било констатирано дека тој не бил повреден за време на настанот, а немал и новинарска легитимација од медиум регулиран со законот за медиуми, поради што не му следува отштета од државата.
Апелацискиот суд упатува дека државата исплаќа отштета само за претрпен страв од телесни повреди или за смртни последици, додека за претрпен страв од конкретниот настан, од второстепениот суд го упатуваат Трпеноски евентуално да поднесе тужби против осудените за настаните на 27 април 2017 година, кои се на издржување на затворски казни.