Од Министерството за здравство соопштија дека пациентот од Свети Николе имал висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна тежина, а од вирусот развил и пневмонија
23 – годишното момче од Свети Николе кое почина поради компликации од ковид-19, имало и други заболувања: висок крвен притисок, епилепсија и прекумерна тежина, а од вирусот развило и пневмонија.
Момчето на Инфективната клиника во Скопје е примено на 19 септември, а починала еден ден потоа.
„Примен е со покачена температура, сатурација од 75% на собен воздух, тахикардичен, тахипноичен, и пулмо ослабено везикуларно дишење со наод на крепитации билатерално базално и во средни партии“,
се вели во стручното објаснување од Министерството за здравство.
Момчето имало и други заболувања, како висок крвен притисок и епилепсија, имало и прекумерна тежина, а како последица на вирусот добил и пневмонија.
Како позитивен на коронавирус, момчето е регистрирано на 17 овој месец, откако претходно четири дена имало висока температура, малаксаност, кашлица и тешко дишење. Било однесено во болницата во Велес, но поради лошата клиничка состојба итно е префрлено на Инфективната клиника во Скопје.