Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19, а оздравени се 86 пациенти
Седуммина починале од ковид-19 во земјава во последново деноноќие, а најмлад меѓу нив е 23-годишник од Свети Николе.
Двајца од починатите се од Струмица, на возраст од на 52 и 62 години. Битката со ковид-19 ја изгубиле и 54-годишен пациент од Дебар, 53- годишна пациентка од Штип, 66-годишна пациентка од Прилеп и 66-годишен пациент од Кочани
Во последните 24 часа направени се 552 тестирања и регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19, а оздравени се 86 пациенти.
Од новорегистирираните случаи, десет се во Скопје, девет во Кочани, по пет во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, двајца во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 86 оздравени пациенти од кои 24 во Скопје, осум во Куманово, по седум во Гостивар, Пехчево и Крива Паланка, шест во Прилеп, пет во Гевгелија, по четворица во Дебар и Виница, тројца во Кавадарци, по двајца во Тетово, Радовиш и Кочани, и по еден во Штип, Струга, Битола, Пробиштип и Свети Николе.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 780, бројката, на оздравени пациенти е 13 949, на починати 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 131.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Во Скопје – 6 585, активни 584,
Куманово – 1 698, активни 207,
Дебар – 276, активни 36,
Штип – 1 232, активни 63,
Прилеп – 618, активни 131,
Тетово – 1 381, активни 173,
Струга – 647, активни 62,
Велес – 309, активни 36,
Битола – 272, активни 65,
Охрид – 405, активни 47,
Кавадарци – 215, активни 33,
Гостивар – 907, активни 110,
Гевгелија – 107, активни 60 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани),
Струмица – 175, активни 106,
Крива Паланка – 96, активни 31,
Радовиш – 71, активни 23,
Крушево – 20, активни 3,
Кочани – 264, активни 104,
Пробиштип – 104, активни 22,
Демир Хисар – 61, активни 2,
Македонски Брод – 91, активни 12,
Пехчево – 42, активни 11,
Берово – 84, активни 26,
Валандово – 17, активни 8,
Виница – 98, активни 24,
Делчево – 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица),
Кратово – 24, активни 4,
Свети Николе – 316, активни 19,
Кичево – 311, активни 38,
Ресен – 160, активни 13,
Неготино – 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и четири мајки позитивни на ковид-19, две деца и две мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се двајца, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје:
Чаир – 63,
Гази Баба – 74,
Аеродром – 86,
Карпош – 70,
Центар – 78,
Кисела Вода – 52,
Ѓорче Петров – 38,
Бутел – 33,
Шуто Оризари – 17,
Студеничани – 11,
Сарај – 16,
Арачиново – 9,
Илинден – 15,
Сопиште – 3,
Чучер Сандево – 3,
Петровец – 6,
Зелениково – 2.