Убиството се случило на 15 мај во шума во Сарај, а во полиција пријавил таткото на осомничениот откако неговиот син го признал убиството
Полицијата приведе 19-годишник од селото Бојане кој е осомничен дека убил 18-годишно момче од истото село. Убиството, како што информираат од МВР, се случило на 15 мај во шума во Сарај, а во полиција пријавил таткото на осомничениот откако неговиот син го признал убиството.
„На 17.5.2026 во 00:50 часот во с. Бојане, Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело убиство по член 123 од Кривичниот законик. Претходно на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.5.2026 во шума во околината на с. Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане“,
соопшти МВР.

Од МВР соопштија дека се пронајдени телото на жртвата и пиштолот со кој е извршено убиството, а по документирање на случајот против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
