Како изгледа бројката на новозразени по градови: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 127 новозаразени од ковид-19 од вкупно 904 тестирања. По градови статтистиката покажува дека пак Скопје е прво заедно со Куманово, Штип…
Институтот за јавно здравје регистрирал 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.
Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 9153, бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422. Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.