Десет дена по апсењата и отворањето истрага за настаните во Собранието од 27 април, јавноста треба да се задоволи со двете официјални реченици во соопштението на Јавното обвинителство. Едната – дека завршила предистражната постапка, и втората – дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 36 лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. И толку.
Информации нема ниту од Кривичниот суд, па останува нејасно која е основата за одредување притвор на осомничените. Или зошто, кривичниот совет при судот на оние на кои првично им беше одреден куќен притвор, потоа им одреди притвор?
Решенијата на судиите на претходна постапка и на кривичниот совет не се објавени на судскиот портал а судот негативно одговори и на нашето дополнително барање да ги добиеме одлуките. Истражувавме зошто е тоа така.
Напишете коментар