Бајден нареди знамињата да бидат на половина копје до вечерта на 26 јануари „како знак на почит кон жртвите на бесмислениот масакр што се случи на 21 јануари во Монтереј парк, Калифорнија
Американските знамиња на Белата куќа и на другите јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје во чест на жртвите од вооружениот напад во Монтереј парк, Калифорнија, во кој беа убиени десет лица, нареди американскиот претседател Џо Бајден.
„Бајден нареди знамињата да бидат на половина копје до вечерта на 26 јануари „како знак на почит кон жртвите на бесмислениот масакр што се случи на 21 јануари во Монтереј парк, Калифорнија“,
се вели во соопштението на Белата куќа.
Претседателот Џо Бајден, исто така, им изрази сочувство на жртвите од масовното пукање во Калифорнија во кое загинаа 10 лица.
„Иако сè уште не знаеме многу за мотивот на овој бесмислен напад, знаеме дека многу семејства тагуваат вечерва или се молат нивните сакани да оздрават“,
рече Бајден во изјавата.
Мажот уби десет лица доцна во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во паркот Монтереј, град во близина на Лос Анџелес. Тој побегнал од местото на нападот, а полицијата синоќа по потера го пронашла во комбе и утврдила дека се самоубил.