На господата од „Вреди“ сакаме да им укажеме дека колку побрзо сфатат дека нивна држава е Македонија, а не Косово, толку подобро за нив, во спротивно ќе завршат и пред да почнат, ќе разочараат многумина кои очекуваат да се различни од нивните претходници, а тоа ќе се потврди на следните локални избори, порачаа од Движењето ЗНАМ
Владините коалициски партнери ЗНАМ и „Вреди“ повторно се судрија. Откако вчера претседателот на Демократско движење, Изет Меџити, во телевизиско гостување рече дека забелешката на Максим Димитриевски за албанското знаме во Владата била несоодветна и дека партијата на чие чело е тој дејствува како националистичка, а не левичарска, денеска пристигна реакција од ЗНАМ.
Според Движењето ЗНАМ, однесувањето на колегите од „Вреди“, кога станува збор за спроведувањето на законите во земјава, го разбираме во целост, оти тие се понесени од досегашното самовластие на функционерите на ДУИ кои поради претходните неспособни влади создадоа слика дека се незаменливи и дека можат сè. Оттаму соопштија и дека коалицијата „Вреди“ се обидува да ја копира ДУИ и да продолжи со истиот начин на владеење демонстрирајќи моќ од позиција на власт преку прекршување на законите и Уставот на Македонија.
„Треба да престане наративот од коалицијата ВРЕДИ дека Македонија е бинационална држава во која живеат две мнозинства и повеќе малцинства, како и тенденцијата на креирање на паралелни квази институции.
велат од ЗНАМ.
Движењето ЗНАМ-За наша Македонија секогаш ќе ги потсетува коалициските партнери во владата дека Македонија е држава на македонскиот народ и сите граѓани од етничките заедници што живеат во неа, врз рамноправна основа со еднакви права и обврски кон државата“,
Конкретно за изјавата на Меџити, велат дека тој бил предолг период во редовите на ДУИ и дека е време да излезе од таа матрица, иако очигледно е дека идол му е Али Ахмети. За истакнувањето на знамињата се вели дека е уредено со закон и никој не е над законот, вклучувајќи го и вицепремиерот Меџити.
„На господата од ‘Вреди’ сакаме да им укажеме дека колку побрзо сфатат дека нивна држава е Македонија, а не Косово, толку подобро за нив, во спротивно ќе завршат и пред да почнат, ќе разочараат многумина кои очекуваат да се различни од нивните претходници, а тоа ќе се потврди на следните локални избори,
соопшти ЗНАМ.
Тоа е мултиетницизам и взаемно почитување кое ние од движењето ЗНАМ го практикуваме и негуваме“,
Во однос на изјавата на Али Ахмети, пак, дека Македонците нема да постојат доколку не соработуваат со Албанците, од партијата на Максим Димитриевски порачуваат дека еден од најголемите соработници на КОС во поранешна Југославија не би требало да се грижи за опстанокот на македонскиот народ, туку да го исчисти својот двор и дворот на партијата од корупција и криминал.
Претходно, коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ неколкупати јавно се судрија за новиот начин на користење на алатката балансер, како и за истакнувањето на албанското знаме во просториите на Владата на РСМ при состанок на министрите кои доаѓаат од коалицијата „Вреди“.