На прашањето дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, со оглед на тоа што му беше ветено дека ќе стане премиер, а заврши на функцијата народен правобранител, Насер Зибери рече дека му биле понудени многу функции, како за вицепремиер, министер за правда, но негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт
Договорот за Албанец премиер во последните три месеци од мандатот на Владата е договор меѓу партиите и сметам дека ќе се почитува, посочи народниот правобранител Насер Зибери во синоќешното интервју за Алсат-М телевизија.
„Имиџот на првиот премиер верувам остави впечаток кај сите граѓаните, и ова несомнено претставува љубопитност за секој. Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира истото. Инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека овој е договорот и дека такво ветување за Албанците ќе стане реалност“,
рече Зибери.
На прашањето дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, со оглед на тоа што му беше ветено дека ќе стане премиер, а заврши на функцијата народен правобранител, Насер Зибери рече дека му биле понудени многу функции, како за вицепремиер, министер за правда, но негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.
„Затоа мислам дека во дадените околности не можело да се направи нешто повеќе. Се разбира, во таква ситуација беше моја одлука да се вклучам во извршната власт со друга позиција или да останам надвор од извршната власт. За волја на вистината, лидерот на ДУИ ми ги понуди сите опции“,
рече Зибери.
Насер Зибери беше кандидат на ДУИ за премиер на парламентарните избори кои се одржаа во 2020 година. По изборите, тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот коалициски партнер, првиот интегративец Али Ахмети, се договорија премиерската функција да ѝ биде отстапена на ДУИ 100 дена пред следните избори.