Државите од еврозоната имаат слобода на монетите да стават мотиви кои се специфични за нивното поднебје
Хрватска, каде еврото треба да биде воведено на 1 јануари 2023 година, последниве денови ја тресе скандал околу дизајнот на идната монета од едно евро на која се наоѓа куната.
Автор е Стјепан Прањковиќ, магистер по применета уметност, кој во меѓувреме го повлече предлогот, бидејќи куната, како што се излезе, без дозвола ја „позајмил“ од фотографија шкотски фотограф.
Кои мотиви ги избираат државите?
На монетите од едно евро доминираат животните, а тука е и природата и уметноста, објави Дневник.хр.
Така, Кипар има муфлон, бидејќи овие животни имаат живеалишта во земјата.
Французите, меѓу другото, имаат дрво како симбол на животот, континуитетот и растот.
Германците го избраа орелот за симбол на суверенитетот, но и Бранденбуршката порта, која Германците ја сметаат за симбол на поделба во Студената војна, но и симбол на обединување.
Летонија се одлучи за портрет на летонската дама на нивниот најпознат сликар.
Малта го избра малтешкиот крст. Приказната за него датира од првата крстоносна војна во 1099 година и е симбол на чест и заштита.
Словаците на своето евро ставија замок во Братислава од 15 век, а сегашниот изглед и го должат на Марија Терезија.
Шпанците го избраа Мигел де Сервантес, еден од најголемите шпански писатели, познат по неговото дело „Дон Кихот“.
Финците, кои се познати како љубители на природата, имаат флора и фауна на нивните монети. Тие не се одлучија за она по што се планетарно популарни – сауната и Дедо Мраз.
Земјите од Бенелукс избраа монарси – Белгија се одлучи за портрет на кралот Филип, кој е актуелен на тронот.
Холанѓаните го ставија профилот на кралот Вилем Александар, кој го презеде тронот од својата мајка во 2013 година, а Луксембург има портрет на големиот војвода Хенри, кој владее со оваа мала и богата земја 22 години.
Ирска се одлучи за симболот на келтската харфа, која исто така е дел од ирскиот грб, а е важна за културата на таа нација, но ја усвоија и Шкотите.
Естонија има географски приказ на Естонија. Тие оценија дека е најдобро за брендирање на таа балтичка земја.
Андора, меѓу другото, има пиринејска дивокоза и златен орел.
Австријците избраа личност без која тешко би музиката да биде иста – Моцарт, но имало и јагула која често планинарите ја ставаат на облеката.
Грците ја избрале сликата на Европа заробена од Зевс во облик на бик.
Италијанците се одлучија за познатиот цртеж на Леонардо да Винчи, но и раѓањето на Венера од Сандро Ботичели, еден од најважните сликари од раната ренесанса.
Словенците го избраа портретот на поетот Франц Прешерен, кој ги повика Словенците на независност во средината на 19 век. Тука е и Триглав кој се наоѓа и на словенечкото знаме, липицанерите кои потекнуваат од Словенија во 1580 година и биле составен дел на дворот во Виена, а на паричката од словенечкото евро е и штркот.