Првиот човек на една од најголемите домашни компании, вели дека Алкалоид одамна го финансира домашното образование за да се добијат што поквалитетни кадри
На пазарот на труд, секогаш ги избираме најдобрите кандидати, а одговорноста е голема кога се регрутира, вели генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов, во интервју за порталот „Инстор.мк“. Но, додава Мукаетов, станува се поголем предизвик за се дојде до квалитетен и добро обучен кадар.

„За да направиме одржлива промена во нашиот делокруг, воведовме разни програми за (до)едукација, дуално образование и практикантство кои веќе четврта година успешно се спроведуваат во соработка со државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а основавме и сопствен едукативен центар“,
вели Мукаетов.
Но освен преку овие активности, првиот човек на „Алкалоид“ додава и дека кадри се продуцираат и со pomo[ na Фондацијата „Трајче Мукаетов“, која доделува стипендии за студенти.
„Фондација „Трајче Мукаетов“, од основањето во мај 2007 до денес има стипендирано 619 студенти по фармација и медицина на државниот универзитет. По основ на стипендии и еднократни парични награди досега имаме инвестирано околу 2 милиона евра. Постојано инвестираме во стручна доедукација на нашите кадри, првенствено од сферата на фармацијата и фармацевтската технологија, каде што едeн од нашите главни референтни партнери е Фармацевтскиот факултет во Белград“,
вели Мукаетов.
Самиот Живко Мукаетов, има дипломирано на Машинскиот факултет во Скопје, во 1997. Потоа поминува уште две години во Лондон на постдипломски студии по маркетинг-менаџмент. „Тогаш, студирањето надвор не беше актуелен тренд како сега и тогашниот едукативен систем навистина произведуваше квалитетни кадри“, вели Мукаетов во интервјуто и додава – „За жал, истото не би можел да го кажам од денешна перспектива зашто кај студентите на државните универзитети сѐ повеќе е евидентна недоволната обученост и мотивираност.
Целото интервју на Живко Мукаетов може да го прочитате на следниов ЛИНК.
