Жител на Дебар физички нападнал полициски службеници откако неговиот син бил сопрен со мопед на главната улица во градот.
Настанот се случил вчера попладнето колу 17:45 часот, а таткото и синот на 55 и 18 години се приведени.
„18-годишникот откако бил сопрен со мопед на улицата „Братство – единство“ во Дебар, одбил да им ги даде личните и возачките документи на полициските службеници. Го повикал неговиот татко, кој ги попречувал полициските службеници во постапката за констатирање сообраќаен прекршок и физички ги нападнал“,
изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат.