Од МВР велат дека полицијата ја добила пријавата за пожарот околу 21 часот. Според информациите оттаму, станот бил во сопственост на загинатата жена, родена 1955 година
Во пожар во стан во нова зграда на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во скопски Аеродром вечерва се задуши неподвижна жена.
Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, за МИА изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне.
Од МВР, пак, информираат дека полицијата ја добила пријавата за пожарот околу 21 часот. Според информациите оттаму, станот бил во сопственост на загинатата жена, родена 1955 година.
„Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција“,
велат за МИА од МВР.
Екипа на МВР и јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата.