При интервенцијата бил повреден и еден пожарникар
Жена на возраст од околу 80 години загина во пожар во семејна куќа што денеска претпладне избувнал во населбата Оризари во Општина Кочани, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кочанските пожарникари интервенирале во пожарот откако добиле дојава во 9:52 часот. Се интервенирало со пет пожарникари, а во гаснењето помогнале и неколку мешани.
При интервенцијата бил повреден и еден пожарникар.
По гаснењето на пожарот се повикани полициски екипи од Полициската станица ПС Кочани за да направат увид на самото место.