Северна Македонија, како што посочува евроамбасадорот, треба да продолжи и со добрите реформи да спроведе фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи
Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење, што е минимумот кој е потребен за отворање преговори. Треба да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава, за младите луѓе да не си заминуваат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.
Жбогар ја повтори пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.
„Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на правото“, изјави Жбогар.
изјави Жбогар
Европската комисијата ја заврши својата работа, нагласи Жбогар посочувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.
„Има уште работи што треба да се направат за Северна Македонија да демонстрира посветеноста на европската иднина. Да се продолжи со добрите реформи, да се спроведат фер и демократски избори и да се продолжи со добрососедските односи“,
изјави Жбогар.
Повтори дека новата методологија е одлична вест за Западен Балкан и вин-вин ситуација за ЕУ и Западен Балкан.
„Европската Унија препознава дека проширувањето е стратегиска инвестиција, за Унијата да биде стабилна и обединета. За регионот е важно бидејќи го реафирмира фактот дека целосното членство е крајната цел на процесот. Целта на документот е да се рестартира и забрза процесот кој загуби дел од енергијата од двете страни, како и да се врати довербата на двете страни“,
рече Жбогар.