Инцидентот се случил вчера попладне, а според полициското соопштение, во него учествувале три лица од Скопје, на возраст од 33, 37 и 56 години, и две лица од селото Ќојлија, Скопско, на возраст од 30 и 55 години
Пет лица учествувале во тепачка на Меѓународниот аеродром „Скопје“, при што го нарушиле јавниот ред и мир, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот се случил вчера попладне, а според полициското соопштение, во него учествувале три лица од Скопје, на возраст од 33, 37 и 56 години, и две лица од селото Ќојлија, Скопско, на возраст од 30 и 55 години.
Како што објавија дел од медиумите, причина за пресметката било несогласување помеѓу таксисти околу редоследот за преземање патници пред аеродромот, односно кој од нив е следен на ред.
МВР презема мерки за документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
