Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил на длабочина од 15 километри
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ноќеска во 1:50 часот е регистриран во подрачјето на Дебар, односно 80 километри југозападно од Скопје.
Потресот, како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и е почувстуван во Дебар и околината.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил на длабочина од 15 километри.