Пацифичкиот центар за предупредување од цунами предупреди на бранови предизвикани кои можат да достигнат од еден до три метри на некои делови од брегот на Перу
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот брег на Перу, информираа Геолошкиот институт на САД и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пренесува Си-ен-ен.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 28 километри западно од Атикипа, на околу 600 километри јужно од главниот град Лима, а бил на длабочина од 28 километри.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами предупреди на бранови предизвикани кои можат да достигнат од еден до три метри на некои делови од брегот на Перу.
„Врз основа на сите достапни податоци, за некој делови од брегот се предвидуваат опасност од цунами“,
соопштија оттаму.
Оттаму информираат и дека нема ризик од цунами за американскиот западен брег.
Геофизичкиот институт на Перу издаде предупредување за цунами посочувајќи дека властите треба да активираат протоколи за заштита на населението поради можна појава од цунами.
Перуанските власти, пак, на Икс соопштија дека владата ја следи ситуацијата и прави процена на секоја пријавена штета.
Ante el sismo ocurrido hoy en Yauca, Caravelí – Arequipa, desde el Ejecutivo, junto a @indeciperu y los ministerios responsables, estamos realizando el monitoreo correspondiente para hacer la evaluación de daños y determinar las acciones a realizar. #PonlePunchePerú??
— Presidencia del Perú ?? (@presidenciaperu) June 28, 2024
Како што пренесува Си-ен-ен, жителите на Атикипа на социјалните мрежи посочиле дека земјотресот бил силен и траел долго. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град.
Перу и поголемиот дел од јужноамериканскиот пацифички брег се наоѓаат на граница на две тектонски плочи, како јужноамериканската плоча, која го опфаќа најголемиот дел од континентот и плочата Наска, која се протега низ Тихиот Океан вдолж поголемиот дел од брегот.