Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени и со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала вечерва е почуствуван во Битола и околината.
Потресот бил почуствуван во 21:59 минути.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.