Земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 километри југоисточно од Скопје
Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтер попладнево во 15:34 часот е почувствуван во Струмица и околината, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

„Во 15:34 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова магнитуда од 2,4 степени“,
информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
И во текот на вчерашниот ден во Струмица и околината беше почувствуван земјотрес со јачина од 2,8 степени.