Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтер се случил пладнево во Албанија, а почувствуван бил и во југозападните делови на земјава.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 16 часот и 04 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 140 км југозападно од Скопје.
„Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението на замјава, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
информираат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје.