Земјотресот со магнитуда од 1,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Скопје во 1 часот и 39 минути по полноќ. Епицентарот е во скопското епицентрално подрачје
Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во 1:39 часот во Скопје.
Епицентарот на земјотресот потекнува од скопското епицентрално подрачје.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, после полноќ на 4.5.2024 година во 1 часот и 39 минути, регистрира земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда M L 1.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во Градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.