Земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, велат од Сеизмолошката опсерваторија
Рано утрово во 4:48 часот регистриран е земјотрес во епицентралното подрачје Делчево-Берово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Оттаму велат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 2,4, а го почувствувале во Пехчево и околината со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
се вели во објавата на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.