Во интервјуто за американската телевизија Си-би-ес, украинскиот претседател вели дека западната воена поддршка е клучна за враќање на територијалниот интегритет на Украина и го повика светот да му се спротистави на Путин за, како што вели, да би се избегнала трета светска војна
Украина не може да го остави на мир рускиот претседател Владимир Путин, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за американската телевизија Си-би-ес, кое доаѓа во пресрет на неговото обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Во интервјуто, украинскиот претседател вели дека западната воена поддршка е клучна за враќање на територијалниот интегритет на Украина и го повика светот да му се спротистави на Путин за, како што вели, да би се избегнала трета светска војна.
„Ако западните земји ѝ дадат соодветно оружје на Украина ‘утре’, верувајте ми, ќе го вратиме нашиот територијален интегритет и тоа ќе биде побрзо од која било контраофанзива изведена во која било насока. Мораме да ја ослободиме нашата територија што е можно повеќе и да одиме напред. Дури за помалку од еден километар или сто метри, мора да го направиме тоа“,
рече Зеленски во интервјуто емитувано на 17 септември.
Зеленски е на пат за САД, каде што на 19 септември ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. Собранието доаѓа во време кога Киев тврди дека постигнал успех во контраофанзивата против руската армија, која започна инвазија на Украина во февруари минатата година.
Два дена подоцна, се очекува Зеленски да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.