Украинските медиуми пренесуваат дека инаугурацијата на Мајли може да послужи како средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да ги решат разликите околу кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави патување во Аргентина, каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател Хавиер Мајли. Ова е прво патување на Зеленски како претседател во Латинска Америка.
Украинските медиуми пренесуваат дека инаугурацијата на Мајли може да послужи како средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да ги решат разликите околу кандидатурата на Украина за членство во Европската Унија.
На самитот на ЕУ следната недела ќе се одлучи дали Унијата ќе ги започне пристапните преговори со Украина, која минатата година доби кандидатски статус.
Одлуката мора да биде донесена едногласно, а Орбан постојано го изразуваше своето противење за почеток на преговорите.