Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија мора „да сноси одговорност“ за „актите на терор“ во украинската нуклеарна централа Запорожје, која беше окупирана од руската војска и беше цел на напад за кој Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат.
„Денес окупаторите создадоа уште една многу ризична ситуација за цела Европа: двапати ја погодија нуклеарната централа Запорожје, најголемата на нашиот континент“,
рече Зеленски.
Тој воедно кажа и дека секое бомбардирање на оваа локација е бесрамно злосторство, акт на терор и дека Русија мора да сноси одговорност за создавање закана за нуклеарната централа. Во нападот на нуклеарната централа биле оштетени високонапонски водови, поради што еден од реакторите е исклучен.
МААЕ во вторникот предупреди дека ситуацијата во нуклеарната централа е нестабилна и „секој ден се поопасна“.