Украинскиот претседател ги повика САД и европските сојузници да продолжат да воведуваат санкции против Путин
Украина откри уште две масовни гробници со стотици тела во неодамна ослободениот Изјум, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој го изјави ова во интервју за Си-би-ес, а пренесува хрватски Индекс.
„Денеска добив информации дека се пронајдени уште две масовни гробници со стотици тела. Станува збор за малиот град Изјум“,
рече Зеленски.
Санкциите треба да продолжат, рече Зеленски. Тие ќе имаат политичко, но и финансиско влијание. Руските власти сè уште не го коментирале тврдењето на украинскиот претседател за гробниците во градот на североисточниот дел на нападнатата земја, но Москва досега ги негираше сите злосторства што и се припишуваат и нападите врз цивили.
По ослободувањето на Изјум на почетокот на овој месец, украинските власти пронајдоа голема гробница и започнаа истрага за причините за смртта. Минатата недела беше завршена ексхумацијата на телата на 436 лица. Се чини дека повеќето од нив умреле од насилна смрт, а првичните индиции се дека 30 од нив биле мачени, објави регионалниот гувернер.
Украинскиот претседател ги повика САД и европските сојузници да продолжат да воведуваат санкции против Путин, но исто така ја повика администрацијата на Бајден да ја прогласи Русија како спонзор на тероризмот.
„Разбирам дека ќе има импликации. Овие импликации ќе ги оневозможат дипломатските преговори. Сепак, тие се терористи и не можеме да им дозволиме да го сторат тоа. Тие нема да се предадат. Треба да продолжиме да вршиме притисок“,
рече Зеленски.