Mораме да ја зголемиме нашата одбрана, да го зголемиме отпорот, а Донбас повторно ќе биде украински. Дури и ако Русија ги донесе сите страдања и пропаст во Донбас, ние ќе го обновиме секој град, секоја заедница. Нема вистинска алтернатива, порача Зеленски
„Донбас ќе биде украински“, порача украинскиот претседател Володомир Зеленски во видео-обраќање.
Зеленски ја нарече актуелната ситуација во Донбас „многу тешка“, посочувајќи ја зголемената огнена моќ и воена сила од Русија во регионот. Тој додаде дека руските сили се обидуваат барем за 100 дена да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги остварат уште во првите денови од конфликтот.
„Затоа мораме да ја зголемиме нашата одбрана, да го зголемиме отпорот, а Донбас повторно ќе биде украински. Дури и ако Русија ги донесе сите страдања и пропаст во Донбас, ние ќе го обновиме секој град, секоја заедница. Нема вистинска алтернатива“, нагласи Зеленски.
Претседателот на Украина додаде дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.
Зеленски го осуди бруталниот напад на Донбас додавајќи дека бомбардирањето може да го остави целиот регион ненаселен.
„Сето ова, вклучително и депортацијата на нашиот народ и масовните убиства на цивили, е очигледна политика на геноцид што ја води Русија“,
рече тој.
Промосковските сепаратистички групи од 2014 година контролираат делови од Донбас, но Русија сега се чини дека е подготвена да го заземе целиот регион.
Офанзивните сили се приближуваат кон неколку градови, вклучувајќи ги и стратегиски лоцираните Северодонецк и Лисичанск.