Зеленски изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин не е заинтересиран за мировни преговори и го критикуваше договорот на САД со Москва за извоз на руски дизел

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин не е заинтересиран за мировни преговори и го критикуваше договорот на Соединетите Американски Држави (САД) со Москва за извоз на руски дизел, наведувајќи дека ќе го наполни џебот на Путин за финансирање на војната против Украина.
Зеленски во петокот, за време на самитот на Европската Унија (ЕУ) во Брисел, рече дека брзината на сателитските комуникации на компанијата „SpaceX“, клучни за одбраната на Украина, сè уште не го достигнала претходното ниво, но дека постепено се обновува откако претходните денови дојде до нејзин пад. Лидерите на ЕУ на самитот му пружија поддршка на Зеленски и на Украина.
„Путин во моментов не сака мировни преговори, во ниту еден облик. Тој си игра со зборови. Едноставно кажано, тоа делува како пародија на искрена желба војната да заврши“,
рече Зеленски.
Русија ги одби бројните повици за целосен прекин на огнот и се чинеше дека го игнорира она што американскиот претседател Доналд Трамп на 11 октомври го нарече ограничено примирје, кое би подразбирало запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, додека нејзините сили, во пресрет на доаѓањето на зимата, жестоко ги напаѓаат украинските градови, електрани и други објекти.
Денеска, пак, Трамп потпиша извршна уредба со која се одложува примената на новиот, сеопфатен пакет санкции против Русија, со образложение до Конгресот дека таа одлука е во национален интерес.
Трамп лично го потпиша законот минатиот месец, а неговиот потег уследи само два дена пред рокот за негова примена, кој беше утврден со закон.
Целта на пакетот беше претседателот на Русија, Владимир Путин, да се лиши од ресурсите кои ѝ се потребни на Москва за продолжување на војната во Украина, како и да се санкционираат руските официјални лица, банки и „флотата во сенка“ која ја чинат танкери со кои руските енергенси продолжуваат да стигнуваат до дестинациите.
