И покрај неговата стратегиска важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Донецк
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.
„Би сакал да оддадам посебна почит за храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас“,
рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е една од најтешките битки – болна и тешка.
И покрај неговата стратегиска важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Донецк. Русија го анектира без да преземе целосна контрола врз областа.
Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбија нападите, го уништија окупаторот, ги ослабнаа позициите и логистиката на непријателот и ги заштитија украинските граници и градови“.
„Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје“,
додаде претседателот на Украина.