Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка се сметаат за најранливи
Десетици земји во светот се соочуваат со сериозен недостиг на кислород поради зголемувањето на случаите со ковид-19, и тоа се заканува да предизвика „целосен колапс“ на нивните здравствени системи.
Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка – се сметаат за најранливи откако од март досега регистрираа нагло зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Тие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од својата популација.
Ова се заклучоците од анализата спроведена од Бирото за истражувачко новинарство, кое ги проучуваше податоците на коалицијата „Секој здив се брои“, невладината организација „Пут“ и Клининтовата иницијатива за пристап до здравствена заштита, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Постои загриженост дека други азиски земји како Лаос се во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве, кои имаат помалку разработени системи за испорака на кислород, наведува британскиот весник и додава дека само мал пораст на побарувачката може да создаде големи проблеми.
„Многу од овие земји се соочија со недостиг на кислород пред пандемијата“,
изјави Лит Гринслејд, координаторка на коалицијата „Секој здив се брои“.
Таа додаде дека состојбата од минатата година во Бразил и Перу, и повторно во јануари годинава, требаше да биде повик за тревога.