Како и повеќето луѓе што изгубија дел од најблиските од ковид-19, така и Аби Адаир Рејнард не можеше да го види својот татко кој беше во болница на смртна постела.
Медицинската сестра ѝ понудила на Аби да го остави болничкиот телефон во близина на татко ѝ Дон, за да може повремено да се слушаат.
Така, Аби и нејзините браќа и сестри имаа можност да зборуваат со својот татко на телефон дури 30 часа, сè додека тој не починал.
„Тоа беше благослов за нас. Ни дозволи да имаме еден вид близина. Можев да му кажам сè што сакав знаејќи дека е крај. Иако не можев да го видам и да ја држам неговата рака, да се има таа поврзаност преку телефон беше навистина вредно“,
раскажа Аби за Си-ен-ен.
Останатите браќа и сестри се приклучувале на болничкиот телефон за да се слушнат со својот татко од различни држави, како Данска, Тексас, Северна Каролина и Њујорк. Тие му раскажувале свои искуства, го потсетувале на убавите времиња поминати заедно, му пееле песни, со цел тој да не се чувствува осамен во таков критичен момент.
„Татко ми Дон (76) не можеме многу да зборува, но можевме да го слушаме дека дише и така да ги имаме тие моменти заедно и да го потсетиме на убавите времиња што ги поминувавме заедно“,
додава Аби.
Дон Адаир бил адвокат по професија и им помагал на луѓето кои започнуваат бизниси.
„Тој им помагаше на луѓето да си ги остварат своите соништа“,
додава неговата ќерка.