Денеска дојави имаше во 13 училишта во Скопје
Денешните дојави за бомби во училишта во Скопје се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) откако тимовите ги завршиле антитерористичките проверки.
„Ја известуваме јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,
соопштија од МВР.
Како што веќе објавивме, денеска дојави стигнаа на електронските адреси на 13 училишта во Скопје. По добиените закани, учениците и вработените беа евакуирани, по што почнаа проверките од полициските тимови.