Човекот кој со автомобил ја проби безбедносната ограда и влета на пистата со својата четиригодишна ќерка се предал без отпор и е приведен
По 18 часа заврши заложничката драма на аеродромот во Хамбург, соопшти хамбуршката полиција. Човекот кој со автомобил ја проби безбедносната ограда и влета на пистата со својата четиригодишна ќерка се предал без отпор и е приведен.
Девојчето е надвор од каква било опасност, информира полицијата.
Овој инцидент го стопираше авиосообраќајот во Хамбург и во тек се дејствија за нормализирање на летовите.
Уапсениот два пати истрелал од оружје во воздухот во знак на предупредување и фрлил неколку запалени шишиња од возилото пред да го паркира автомобилот под авион на турска авиокомпанија.
Според полицијата, инцидентот се случил поради нерасчистено старателство за девојчето.