Убиството затвореникот го извршил со нож, а по апсењето во службен разговор го признал делото
Затвореник кој избегал од затворот „Идризово“ го извршил убиството на 64-годишен скопјанец кој пред Нова година беше пронајден мртов на улицата „1737“, позната како „адвокатка улица“, во центарот на Скопје.
Од МВР соопштија дека сторителот е 39-годишник од Тетово, кој е осуден, но наместо во затвор бил во бегство.
„Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ Идризово, а во службен разговор го признал делото“,
соопштија од МВР.
Оттаму, денеска до Основното јавно обвинителство поднесоа кривична пријава за убиство.
Убиството на 64-годишниот скопјанец тој го извршил со нож на 29 декември 2022 година. Наредниот ден, телото на убиениот беше пронајдено во напуштена куќа на „адвокатската улица“.