Полицијата вчера во 18:35 часот извршила контрола во угостителски објект во село Облешево, а околу полноќ и во угостителски објект во Кочани и на двете места констатирано е непочитување на мерките за заштита од Ковид-19. И во двата објекта, полициските службеници затекнале гости, а не се почитувало работното време, кое Владата го ограничи до 18:00 часот.
Од МВР велат дека по комплетирање на случаите, против одговорните лица во двата угостителски објекта ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
