Полициски службеници по претходна пријава извршиле контрола во угостителски објект во с. Чегране, сопственост на В.Ф.(37). При контролата, во објектот биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани мерките на Владата за спречување на ширењето на ковид-19.
Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.