Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим назначен од Кремљ, потврди дека мостот, кој привремено вчера беше затворен, повеќе не е во функција

Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост, кој го поврзува окупираниот Крим со Русија, при ракетен напад извршен во текот на ноќта. Според украинските власти, ова претставува симболичен удар врз Кремљ.
Фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека еден лак од мостот долг 227 метри паднал во Керченскиот теснец, кој го поврзува Азовското со Црното Море. Оштетен е и соседниот железнички лачен распон..
Украинскиот комесар за санкции, Владислав Власјук, објави кратка порака на платформата Икс велејќи „Кримски мост. Под санкции“.
Кримський міст. Санкціоновано https://t.co/K0Oan1XJEb
— Vladyslav Vlasiuk 💙💛🇪🇺 (@vladvlas) November 17, 2026
На снимките се гледа украинска крстосувачка ракета „фламинго“ неколку секунди пред да удри во делот на мостот наменет за патен и железнички сообраќај, по што следува експлозија.
Присвячуємо це памʼяті наших друзів і колег Андрія і Юрія без яких це було б неможливо. R.I.P.
— Denys Shtilierman (@DenShtilierman) November 17, 2026
Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим назначен од Кремљ, потврди дека мостот, кој привремено вчера беше затворен, повеќе не е во функција.
„Непријателот повторно го нападна Кримскиот мост. Во моментов сообраќајот е запрен. Ги замолуваме жителите и посетителите на Крим да не патуваат кон мостот и да ги земат предвид овие ограничувања при планирањето на своите патувања“,
напиша тој.
Министерство за транспорт на Телеграм објави дека експертите ја проценуваат штетата и оти според првичните информации нема смртни случаи или повредени.
