Македонските државјани, кои се затекнати на територијата на Словенија, а им е истечена работната дозвола или дозволата за престој, ќе се смета дека легално престојуваат во земјата.
Ова го соопшти македонската амбасада во Љубљана на официјалниот профил на Твитер. Тие се повикуваат на одлука од словенечкото Министерство за надворешни работи.
Легален престој ќе имаат и македонските државјани на кои ќе им истече рокот за престој од 90 дена во рамките на 180 дена.
Според @MZZRS ➡️ 🇲🇰државјани, затекнати на територија на 🇸🇮 на кои ќе им истече работната дозвола, дозвола за престој или рокот од 90 дена во рамки на 180 дена, ќе се смета дека легално престојуваат на територија на 🇸🇮 заради исклучителната ситуација.@MFA_MKD
— Republic of North Macedonia in Slovenia (@MKembassySLO) March 19, 2020