На останатите гранични премини, од македонска страна, додаваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Застојот на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се уште трае. Како што информира АМСМ, на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу половина час, а на ГП „Табановце“ се чека околу еден час за влез и излез од државата.
На останатите гранични премини, од македонска страна, додаваат од АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.