Посочуваат и дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа, па затоа имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента
Од бугарскиот Институт за безбедност на патиштата при увидот кај патот „Струма“ констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Како што наведуваат ова е причината поради која заштитната ограда попуштила.
„Кобната делница на „Струма“ е пуштена во употреба пред 20 години без Акт 16. Утврдено е и дека недостигаат знаци и дека има оштетени ознаки. Испратен е извештај и до Агенцијата за патна инфраструктура, а оваа информација треба да биде проверена од истражните органи на Бугарија“,
велат од невладината организација, како што пренесува МИА.
Посочуваат и дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа, па затоа имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента.