Франција во средата постави рекорд од повеќе од 332 000 новозаразени со ковид-19 во последните 24 часа и уште 246 смртни случаи како последица на ковид во болниците додека земјата се бори со петтиот бран на вирусот
Францускиот парламент денеска ги одобри најновите владини мерки во борбата против ковид-19, вклучително и законот за сертификати на ковид.
За законот гласале 214 пратеници, 93 биле против, а 27 воздржани. Мерките потоа ќе бидат разгледани од Сенатот, пред да стапат на сила.
Владејачката партија Република во движењето ја бранеше употребата на груби зборови од страна на претседателот Емануел Макрон претходно оваа недела, кој ги нападна лицата кои одбиваат да се вакцинираат и ја засили својата кампања против оние кои не се целосно вакцинирани против ковид-19. Неговите зборови предизвикаа осуда од опозицијата и различни реакции кај граѓаните
Макрон рече дека сака да ги „налути“ невакцинираните луѓе, да им го искомплицира животот за на крајот да се вакцинираат. Тој во интервју за весникот „Паризиен“ ги нарече невакцинираните луѓе неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани.
Франција во средата постави рекорд од повеќе од 332 000 новозаразени со ковид-19 во последните 24 часа и уште 246 смртни случаи како последица на ковид во болниците додека земјата се бори со петтиот бран на вирусот.
Претходно, земјата одлучи да се скрати изолацијата на заразените, но вакцинирани лица на седум дена.
Во меѓувреме, во Јужна Франција 12 пациенти се заразиле од „нетипична комбинација“ на ковид-19, што ги загрижило тамошните научници.
Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Експертите рекоа дека идентификувале „46 мутации“ со оваа варијанта која го добила името „Б.1.640.2“.