Тој го отфрла аргументот на претседателот дека ЕУ не го исполнува својот дел од договорот и рече дека Европскиот парламент е во процес на изготвување на потребното законодавство кое има за цел да го финализира во јуни

По заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе повисока царина од 25 отсто за увоз на камиони и автомобили од Европската Унија, Бернд Ланге, претседателот на трговскиот комитет на Европскиот парламент одговори дека таквото однесување е неприфатливо.
„Овој последен потег покажува колку е несигурна американската страна. Веќе бевме сведоци на овие произволни напади од САД во случајот со Гренланд. Ова не е начин да се третираат блиските партнери“,
вели Ланге.
Тој во објава на Икс вели дека додека ЕУ ги исполнува своите обврски, американската страна продолжува да го крши договореното.
1/2 Trump’s plan to impose 25% tariffs on EU cars is unacceptable. EP is still honouring the Scotland deal, working to finalise legislation. While the EU delivers, the US side keeps breaking its commitments.
— Bernd Lange (@berndlange) May 1, 2026
Тој го отфрла аргументот на претседателот дека ЕУ не го исполнува својот дел од договорот и рече дека Европскиот парламент е во процес на изготвување на потребното законодавство кое има за цел да го финализира во јуни, пишува Би-би-си.
Трамп минатата година воведе царина од 25 отсто за увоз на автомобили според законот за национална безбедност, но постигна договор со ЕУ во август за намалување на тие царини на 15 проценти, вклучувајќи ги и претходните царини.
Во замена, ЕУ се согласи да ги укине царините за американските индустриски стоки, вклучувајќи ги и автомобилите, и да ги прифати американските стандарди за безбедност и емисии на возила.
Пратениците на ЕУ го унапредија законодавството во март за спроведување на намалувањата на царините, но не се очекува процесот да биде завршен пред јуни, бидејќи владите на ЕУ и Европскиот парламент преговараат за конечните текстови.
Запрашан да го објасни најновиот потег на Трамп, функционер од администрацијата на Трамп изјави за Ројтерс дека ЕУ по осум месеци не го почитува договорот за автомобили.
Трамп денеска со објавата за зголемување на царините тврди дека европскиот блок не го испочитувал во целост трговскиот договор постигнат со САД.
