Портпаролката на Министерството за надворешн иработи на Русија, Марија Захарова, ги коментираше изјавите на лидерите на Европската Унија во врска со одлуката на белоруските власти за пренасочување на авион да слета во Минск со цел да биде уапсен новинар.
Лидерите на ЕУ го оценија тој чин како државно-спонзориран акт и побараа веднаш да биде ослободен белорускиот новинар и активист Роман Проташевич.
Захарова вели дека шокатнo во овој случај се само изјавите на западно-европските лидери.
„Шокантно е тоа што Западот смета дека е шокантен инцидентот во воздухопловниот простор на Белорусија“,
напишаа таа на Фејсбук.
Таа додава дека вакви потези како Белорусија правеле и други европски земји, но тогаш не ги квалификувале тие постапки како шокантни.
Лидерите на ЕУ и НАТО ја осудија белоруската постапка на принудно слетување на патнички авион кој сообраќал од Атина кон Вилнус, со цел само да го приведе критичарот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.