При несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби 60-годишниот работник В.К., соопштија од РЕК Битола.
„Работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата. Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот“,
се наведува во соопштението од РЕК Битола.