Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како што дознава „360 степени“, ги известил своите сопартијци дека од денеска заминува на десетдневен годишен одмор.
Тој ова го најави и во своето обраќање на изборната ноќ, кога им порача на симпатизерите дека е време малку да одморат, за од есен, подготвени, да ги засукаат ракавите и да работат за граѓаните.
Од партијата сѐ уште нема официјална информација каде ќе летува нивниот лидер, но со оглед на изолацијата поради коронавирусот на државата, единствената опција се одморалиштата низ Македонија или евентуално албанското крајбрежје.
Според непотврдени сознанија, дотогаш Заев не планира да има комуникација со останатите лидери на парламентарните партии во однос на составувањето на новата влада, која тој повторно има амбиција да ја предводи.