„Ние не сме и никогаш нема да бидеме недостижни и недостапни. Ние сме и мораме да останеме скромни и приземјени“, наведува Заев во постизборното писмо до членството, во кое оценува дека народот не е за ВМРО-ДПМНЕ, туку дека сака подобар резултат од социјалдемократите
Писмо од партискиот лидер Зоран Заев стигна до членството на СДСМ, во кое тој се осврнува на исходот од првиот круг од локалните избори, кога владејачката партија изгуби дел од општините во кои досега имаше градоначалници.
Тој наведува дека е јасна пораката што гласачите му ја испратија на СДСМ во првиот изборен круг. Исто така, посочува дека партијата сега треба да постапува согласно таа порака.
„Денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека
пишува Заев.
нашата борбата не е завршена. Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и нашата борба за нов циклус промени. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Во спротивно, режимот тропа на вратите и веќе успеа да влезе во некои од општините,“
Тој нагласува дека СДСМ има демократска обврска да се бори и да испорача промена и подобрување во начинот на управување за, како што вели, да застанеме на патот на заканите и опасностите што ги носи ВМРО-ДПМНЕ.
„Влегуваме во вториот круг и во борба за секој глас, за секој град, за секоја општина. Нема важни и неважни. Сите се важни. Ако сакаме да ја добиеме оваа борба, мораме да разбереме дека секој човек е важен, секој глас е важен. Секој глас мора да биде слушнат, испочитуван, уважен. Тоа е промената која ја бараат граѓаните од нас. Затоа, мораме да ја зголемиме нашата достапност, отвореност и експедитивност во решавањето на проблемите на секоја индивидуа, на секоја група граѓани. Ние не сме и никогаш нема да бидеме недостижни и недостапни, тоа нам не ни прилега. Напротив, ние сме и мораме да останеме скромни и приземјени. И само така ќе го одржиме правецот на кој заедно ја поставивме нашата земја. Затоа, ве повикувам на обединување. Сега е време за обединување, затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа нашата земја со години. СДСМ греши, но учи и се поправа. ВМРО-ДПМНЕ е партија на своеволие и узурпација на сè државно за свои интереси. И тука има голема разлика“,
наведува Заев во писмото.
Тој вели дека бара акција од секоја општинска организација, секој изборен штаб да биде во постојана консултација со централниот изборен штаб и да ги следи насоките, од една страна, но и да биде отворен за предлозите, ставовите и пораките што доаѓаат од членството, од поддржувачите и од граѓаните, од друга страна.
„Потребна е брза анализа и враќање на теренот веднаш. Потребни се брзи промени и акции. Потребно е да се обратиме и да подадеме рака на секој еден човек, секој еден глас којшто можеби сме го пропуштиле во првиот изборен круг“,
нагласува Заев во писмото два дена по првиот круг од локалните избори.